Една од најубавите куќи се наоѓа на северот од Данска, а тоа е стакленик околу класична, стара куќа од цигли.
На ветровитиот остров Морс во северна Данска, Ана Мари Мадсен и Расмус Милер го редизајнирале селскиот живот така што скромната куќичка од цигли ја сместиле во стакленик од 247 метри квадратни, создавајќи место кое е исполнето со светлина, сонце и природа во текот на целата година.
За трошоците да бидат пониски, парот рачно ги исчистил циглите кои се 21.000 на број, а оваа селска куќа од 19 век е навистина магична.
Тие го спасиле и пренамениле материјалот во неа – од кружните скали до прозорци.
Самата куќа е компактна, но стакленикот околу неа служи како проширен животен простор: заштита од ладно, градина, па дури и како дополнителна спална соба.
Во текот на топлите месеци, креветот на расклопување го поставуваат на другиот крај од просторот кој станува дневна соба, а назима самото сонце може да го трансформира просторот.
Расмус се сеќава на еден февруарски ден кога температурата изнесувала -15 степени Целзиусови, а кога сонцето пробило низ облаците, температурата во стакленикот се искачила на 22 степени Целзиусови.
Куќата се отвора кон погледот на полињата, фјордот и небото, што е клучно не само за секојдневен мир туку и за Ана Мари која практикува јога каде променливата светлина и годишно доба нуди ритам и инспирација.