Лебот долго време го „бие лош глас“ и се смета дека е најголем непријател на секоја диета, но експертите сега тврдат дека тој и тоа како е здрав.
Нутриционистката д-р Ејни О’Конор тврди дека оваа намирница исполнува над 10 отсто од потребите за белковини, фолати и железо и дека има позитивни страни.
Имено, лебот содржи многу растителни влакна, но тоа важи само за оној интегралниот – овесен, ’ржан и пченкарен затоа што се богати со минерали и витамин Б.
Што говори бојата
Бојата не е доверлив показател за квалитетот на лебот. Потемната боја најчесто е создадена со вештачки бои, па луѓето се во заблуда дека таквиот леб е поздрав од белиот и дека не дебелее. А, вистината е следна – најтврдиот и најжилав леб е најздрав.
Само не претерувајте со количината
Лебот не дебелее доколку се јаде во мали количини, тоа е 200-300 грама на ден. Се дебелееме од она што го ставаме на него – путер, паштета, салама, мајонез или мармалад.
’Ржаниот леб е најздрав
За жал, на лебовите најчесто нема декларација, па не можеме да знаеме што точно се наоѓа во нив. Затоа треба добро да обрнете внимание на тоа од кој вид брашно е направен.
Најмногу се препорачува ’ржаниот леб затоа што содржи многу витамини и минерали, богат е со растителни влакна, па лесно се вари, а поради својот гликемиски индекс создава долготрајно чувство на ситост.
Белиот најдобро е да го заобиколите
Овој леб има најмала прехранбена вредност и често содржи скриени количини шеќери и соли и има висок гликемиски индекс. Откако ќе изедеме едно парче бел леб, шеќерот во крвта нагло се зголемува, па опаѓа па поради тоа чувството на ситост кратко трае.