Граѓаните на Македонија кои сакаат да влезат во земјите од Европската Унија (ЕУ) наскоро нема да биде доволно само пасошот за да ја преминат границата. Се воведува нов систем за влез во Шенген зоната EES (Entry/Exit System), кој ќе стапи на сила на 12 октомври, и поради ова, гужвите на граничните премини би можеле да бидат драстично поголеми.
EES е нов електронски систем кој ќе го замени рачното печатирање на пасошите и ќе евидентира податоци за влез и излез на граѓани на земји кои не се членки на ЕУ (т.н. „трети земји“) на границите на Шенген зоната.
Според британскиот „Гардијан“, биометриската регистрација за посета на ЕУ можеби нема да биде целосно имплементирана уште девет месеци, а на граничните службеници на поединечните земји им е дозволено да ги олабават правилата за да ги намалат редиците или хаосот откако системот EES (Entry/Exit System) конечно ќе биде оперативен.
Клучната разлика е во тоа што EES ќе бара биометриска регистрација на патниците:
-При прв влез во ЕУ, на патниците ќе им се земаат отпечатоци од прсти (обично четири прста) и ќе се фотографираат.
-Овие податоци, заедно со основните податоци за пасошот, ќе бидат складирани во централна европска база на податоци три години.
-Системот автоматски го евидентира местото, датумот и времето на преминување на границата.
EES пристигнува, но не на сите граници
Системот ќе стапи на сила на 12 октомври само за мал број патници, а целосната усогласеност нема да се спроведе до 10 април 2026 година.
Сепак, реалната можност за долги редици и доцнења по пристигнувањето предизвика загриженост во рамките на ЕУ. EES е особено проблематичен за преминување на Ламанш, каде што патниците што патуваат низ тунелот или морето минуваат низ француските гранични контроли во Велика Британија. Ова значи дека биометрискиот процес на EES мора да се заврши пред заминување, а сите доцнења на страната на Велика Британија се случуваат пред патниците да можат да стигнат до својот воз или траект.
Македонците што планираат да одат во Хрватска или Унгарија мора да се вооружат со трпение бидејќи гужвите ќе бидат огромни. Иако е неизвесно кога ќе започне практиката на системот EES во одредени земји и како ќе се спроведува целата постапка.
На 12 октомври, Хрватска ќе започне со имплементација на системот EES на сите гранични премини.
Прво, ќе се собираат биометриски податоци, што ќе трае вкупно четири часа на ден во првиот месец. Секој следен месец, тој временски период ќе се зголемува, така што целосната имплементација на системот ќе започне по шест месеци, односно 180 дена.
При прв влез во Европската Унија, граѓаните на трети земји ќе мора да дадат четири отпечатоци од прсти и фотографија од нивното лице, заедно со информациите од нивната патна исправа. Овие биометриски податоци ќе се внесуваат во системот и ќе се користат на секој следен граничен премин.
Унгарија објави дека новите правила ќе се воведуваат постепено во период од 180 дена, почнувајќи од 12 октомври:
Прво на унгарско-украинската граница, потоа на унгарско-српската граница и конечно на аеродромските премини.
Целосниот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.