[ВИДЕО] Флорида дозволи носење оружје на јавни места: Маж го тестира пред „Walmart“

Точка

26/09/2025

21:26

592

Големина на фонт

а а а

Во „Walmart“ на Флорида е снимен маж со оружје, еден од првите што ја искористил новата дозвола за носење оружје на отворено во оваа сојузна држава.

Укината забраната

„Само што разговараше со шерифот“, се слуша на снимката. „Тоа е законот“. Имено, забраната за носење оружје на отворено во Флорида официјално е укината. Првостепениот жалбен суд на Флорида (Florida First District Court of Appeal) на 10 септември ја прогласи забраната за неуставна.

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, и државниот обвинител Џејмс Утмајер, ја поздравија одлуката и ѝ наредија на полицијата повеќе да не ја спроведува забраната. Со тоа, Флорида и официјално стана сојузна држава во која е дозволено отворено носење оружје.

Новото правило значи дека оружјето може да се носи без дозвола, а законот на државно ниво им оневозможува на градовите и општините да донесуваат сопствени ограничувања. Дозволата за носење оружје на јавни места (open carry) е на сила во поголемиот дел од американските сојузни држави.