МРП вакцината не ја примајте во една доза, предупреди Трамп

Макфакс

27/09/2025

08:50

1.694

Големина на фонт

а а а

Бремени жени, не користете „таленол“ освен ако не е апсолутно потребно, не давајте „таленол“ на вашето мало дете туку-така без никаква причина, поделете ја МРП вакцината (против морбили, заразни заушки и рубеола, н.з.) на три посебни вакцини, на три одделни дози (не сите заедно во една вакцина), земете ја вакцината против овчи сипаници одделно, против хепатитис Б после 12-годишна возраст и најважно, примете ги вакцините во пет посебни посети на медицинскиот тим. Претседател Доналд Трамп.

Ова го напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Truth social. Предупредувањето е сериозно, и веројатно Трамп не би истрчал да го напише ако не е целосно убеден во тоа што го објави.

MРП вакцината е комбинација од три вакцини во една доза. Таа помага да се заштитите од мали сипаници, заушки и рубеола, три потенцијално сериозни вирусни заболувања. Здравствените работници препорачуваат две дози. Децата обично примаат една доза помеѓу 12 и 15 месеци, а друга помеѓу 4 и 6 години.

Трамп не вели да не се прима вакцината, туку само препорачува таа да се прими во три одделни дози, а не во еден микс од сите три вакцини. Зошто? Веројатно ќе следи објаснување од секретарот Кенеди бидејќи Трамп бргу ќе биде нападнат од левичарските медиуми кои тој ги нарекува „fake news“’, па на нивните новинари дури не им дава збор на неговите прес-конфереции, а сигурно ќе следи напад и од другите организации низ светот и пред се Европа на оваа тема.

Кај нас овие три вакцини се даваат во една доза.