Ова е вториот најбогат народ во светот: Богатство од речиси 269.000 евра по жител

Точка

27/09/2025

11:22

916

Големина на фонт

а а а

Швајцарија и понатаму е втора земја во светот според богатство по глава на жител, кое во оваа земја изнесува скоро 269.000 евра, покажува најновиот Глобален извештај за богатство на осигурителната куќа „Алијанц“ за 2024 година.

На прво место се граѓаните на САД, кои во просек поседуваат 311.000 евра по глава на жител, пренесува порталот „Swissinfo“.

За разлика од САД, каде што две третини од растот произлегуваат од порастот на вредноста на акциите, дури 84 отсто од швајцарскиот раст доаѓа од дополнителни заштеди.

Специфичноста на швајцарскиот модел е силната ориентација кон осигурување – 41 отсто од штедењето се насочува во осигурителни производи, додека банкарските депозити сочинуваат само 15 отсто.


Покрај тоа, поголемиот дел од вложувањата во хартии од вредност се поврзани со инвестициски фондови, особено ETF.

Во Швајцарија, бруто финансиските средства на домаќинствата минатата година пораснале за 4,2 отсто, што е значително повеќе во однос на растот во 2023 година, кој изнесуваше 2,6 отсто.

Најголемиот придонес доаѓа од хартии од вредност, додека осигурувањето, пензиските фондови и депозитите растеле поумерено.

Кога од вкупниот имот ќе се одземе долгот, нето финансиските средства се зголемиле за 5,3 отсто.


Глобалната популација станала побогата минатата година, бидејќи вкупните финансиски средства во светот пораснале за 8,7 отсто, достигнувајќи 269 билиони евра.

Со тоа е надминат растот од претходната година, кој изнесуваше 8 отсто, додава швајцарскиот портал.