[ФОТО] Ваков фустан сигурно никогаш не сте виделе досега: Актерката носела креација направена од компјутерски делови

Точка

27/09/2025

10:00

789

Големина на фонт

а а а

Британската актерка Џоди Тарнер-Смит се појави во необично издание на премиерата на филмот „Tron: Ares“ во Париз.

Имено, таа носела фустан направен од делови од компјутери, мобилни телефони, калкулатори и слично.

Станува збор за креација на брендот „Schiaparelli“ со која му оддаде почит на споменатото научнофантастично филмско остварување што ја раскажува приказната за дигиталната програма Арес, која е испратена во реалниот свет на опасна мисија.


Модниот дизајнер Даниел Роузбери првично го претстави овој фустан минатата година, како дел од колекцијата што се занимава со темата на прифаќање на вештачката интелигенција и носталгијата по дигиталните уреди од почетокот на 2000-тите, како што се телефони на преклоп и дигитални фотоапарати.


„Технологијата со која пораснав е толку застарена што речиси е подеднакво тешко да се набави како и одредени винтиџ ткаенини и украси“, изјави Роузбери.

Актерката го надополнила изгледот со чантичка, исто така направена од делови од компјутери, подигната фризура, едноставна шминка и накит.


Покрај фотографиите од премиерата на филмот, таа напиша: „Матичната плоча пристигна! Благодарам, Париз!“, а корисниците на социјалните мрежи се воодушевени од нејзиниот изглед.

„Овој фустан е неверојатен!“, „Многу жени ќе се обидат да го ископираат“, „Прекрасно и оригинално“, се некои од коментарите.