Адвокатите на Пи Диди во писмо упатено до судот навеле дека раперот заслужува помала казна бидејќи бил изложен на насилство

Точка

25/09/2025

13:45

410

Големина на фонт

а а а

Адвокатите што го застапуваат Пи Диди му се обратија на судијата кој треба да го надгледува изрекувањето на пресудата, наведувајќи дека не треба да изрече казна поголема од 14 месеци.

Тие се залагаат за речиси итно ослободување на Диди, кој, според наводите, се наоѓа во тешка состојба по неколку месеци поминати по неговото апсење и по судењето во еден од „најлошите затвори во земјата“.

Раперот претходно годинава беше прогласен за виновен за две кривични дела — дело поврзано со транспорт на луѓе со цел проституција, додека беше ослободен од обвиненијата за трговија со луѓе во сексуални цели и рекетирање.

И покрај напорите на неговите адвокати, Диди и понатаму се наоѓа во федералниот затвор во Бруклин додека го чека изрекувањето на новата пресуда. Вториот меморандум за изрекување на пресудата беше поднесен во понеделникот, пренесува „The Hollywood Reporter“.


Во меморандумот, адвокатскиот тим на Диди наведува дека раперот на претходното судење бил соочен со „целата сила и неверојатната моќ“ на државата, но дека во голема мера извојувал победа.

Тие предупредуваат на потенцијалната казна што му се заканува, посочувајќи дека просечната казна во слични случаи изнесува околу 15 месеци, а дека обвинителството бара петпати подолга казна за Диди.

„Тој треба да биде осуден за делата за кои поротата го прогласи за виновен. Сепак, би било незаконски од страна на судот да го осуди за трговија со луѓе во сексуални цели и за рекетирање“, наведува неговиот адвокатски тим.

Адвокатскиот тим на раперот, предводен од Марк Анифило и Тени Герагос, во пораката до судијата Арун Субраманиан се повика на доброволната работа на нивниот клиент и неговата посветеност во текот на 13-те месеци што ги поминал во затвор.

Адвокатите нагласуваат дека тој заслужува поблага казна, бидејќи досега во затвор бил изложен на различни форми на насилство.


Пи Диди се соочува со максимална казна од 10 години затвор за секоја од двете точки од обвинението за транспорт на лица за занимавање со проституција. Неговите адвокати му порачаа на судијата дека единствената праведна и фер казна, земајќи ги предвид сите фактори, би била казна од максимум 14 месеци затвор.

Неговата казна од 14 месеци ќе биде целосно издржана во ноември оваа година, па доколку судот ја изрече таа пресуда, Диди би бил пуштен на слобода.

Во прилог на меморандумот за изрекување на казната беа доставени и писма од неколку членови на неговото семејство, пријатели и соработници, предводени од писмото на мајката на Диди — Џенис Комбс.

Во своето писмо, Џенис го замолила судијата да го ослободи нејзиниот син, објаснувајќи дека сака да ги помине последните години од својот живот со него.

Писмо напишала и поранешната девојка на Диди, Јанг Мајами.