Хрватската музичка ѕвезда Северина ужива со пријателките во Бодрум, а на социјалните мрежи објавила дел од атмосферата.
Меѓу другото таа позирала во сексапилни пози, истакнувајќи ги своите извајани нозе.
Таа носела краток, сив фустан и отворени високи потпетици. Изгледот го надополнила со фризура која ѝ била стилизирана брановидно, едноставна шминка и накит.
Следеле бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед:
„Безвременска убавина“, „Толку зрачиш со енергија и сексапил“, „Кога го имаш она нешто“, биле дел од коментарите.
Северина одмара со своите пријателки, па споделила и заеднички фотографии и видеа, а во описот навела: „Девојките само сакаат да се забавуваат“.
Пред да ја посети Турција, пејачката уживала на Сицилија.
Неодамна престојувала и во Брисел каде заедно со Институтот 8 март на Европската комисија ги предала потписите од Европската граѓанска иницијатива „My Voice, My Choice“ која се залага за правото на жените во ЕУ на достапен, сигурен и бесплатен абортус.
Таа нагласила дека таму не дошле да молат туку бараат почитување на основните човекови права.
„Во ова ќе успееме, ова ќе го оствариме, а ваш е изборот само во тоа дали сакате да бидете на вистинската или погрешната страна од историјата. Дали ќе сакате да ги погледнете жените во очи и себеси во огледало или ќе останете запишани во историјата на унијата како лоши наследници кои притоа биле и неуспешни губитници“, рекла тогаш Северина.