Веднаш се заљубил во неа кога ја видел на насловната страница на списание: Како славниот музичар ја освоил една од најубавите жени на светот?

Точка

24/09/2025

17:42

1.699

Големина на фонт

а а а

Во 80-те години важеа за златен пар. И покрај долгиот заводнички „стаж“ на фронтменот на бендот „Duran Duran“, нивната љубов никогаш не била ставена на тест на верност. Барем не колку што се знае.

Сајмон Ле Бон успеа пред олтарот да ја однесе една од најубавите жени на сите времиња, а денес многумина им завидуваат на бракот кој на 2-ри декември ќе „наполни“ 40 години. Неверојатен податок во денешно време, кога речиси ништо не е вечно, зарем не?

„Duran Duran“ беше светски познат бенд кога тие се запознаа. И Сајмон и Јасмин Ле Бон, една од најбараните манекенки на својата генерација, веќе беа препознатливи на светската сцена.


Кога еден ден во 1984 година ја забележал на насловната страница на списание, музичарот веднаш ја контактирал нејзината модна агенција за да добие нејзин телефонски број. Ја повикал и таа прифатила да излезе со него, иако на почетокот сè ѝ изгледало како шега. Но, тоа било љубов на прв поглед. Веќе следната година се венчале.

Овој октомври, Јасмин ќе го прослави својот 61-ви роденден. Родена е во Оксфорд - нејзиниот татко е Иранец, а мајка ѝ Англичанка. Во светот на модата влегла на 17-годишна возраст, а нејзиното лице со заводливи ориентални црти брзо го освои светот. И – Сајмон Ле Бон.

Има работено со најпрестижните модни куќи и креатори, а сигурно ја паметите и од спотот на Мајкл Џексон за хитот "Who Is It".


„Сајмон ме спаси. Имав 21 година кога се омажив за него. Да не беше тоа, кој знае каде ќе ме однесеше животот. Оваа индустрија е брутална“, искрено изјави славната манекенка, која и денес се дружи со колешките Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон и Наоми Кембел.

Првата ќерка, Амбер, Сајмон и Јасмин ја добија во 1989 година. Јасмин на свои 25 години направи пауза во кариерата, но се покажа дека ниту бременоста, ниту мајчинството не ја забавија нејзината ѕвездена кариера. Напротив – таа беше една од најплатените манекенки во 80-те, исклучително успешна уште пред официјалната „ера на супермоделите“. А за „Duran Duran“ и нивната слава и денес не треба многу да се зборува – таа не престанува.


Втората ќерка, Сафрон, се роди во 1991 година, а најмладата, Талула, три години подоцна. Сафрон, која е џез-пејачка, им го подари првото внуче – момчето Таро, кое денес има 7 години. Амбер, пак, тргна по стапките на мајка ѝ како модел, а оваа година во март и таа стана мајка. На свет дојде момчето по име Саша, а Јасмин и Сајмон Ле Бон повторно станаа баба и дедо.

Славната манекенка, која е една од ретките која не го уништила своето лице со претерани естетски корекции (иако признала дека еднаш годишно прави ботокс третман), сè уште е активна. Понекогаш се појавува во кампањи на козметички брендови, понекогаш шета по модната писта, а во мај годинава со сопругот беше гостинка на гала-вечерата на фондацијата „amfAR“ за време на Филмскиот фестивал во Кан.


А тајната на нивниот среќен и долготраен брак кој ги руши правилата на шоу-бизнисот? Јасмин вели дека не постои рецепт.

„Тој сè уште знае да ме насмее – и тоа е добро. Но знае и да ме изнервира – и тоа е добро. Немам кристална топка и не знам што нѝ носи животот, а совршенство не постои – тоа е само илузија“.

Многумина му завидуваа на Сајмон што успеа да ја освои една од најубавите жени на светот, а денес и двајцата инспирираат со љубовната приказна што трае толку долго – особено во светот на славните, каде сè е релативно, особено љубовта.