[ВИДЕО] Корисниците на Нетфликс излудени по корејската серија која има повеќе од 80 милиони часа гледаност

Точка

25/09/2025

11:54

647

Големина на фонт

а а а

Корисниците на Нетфликс имаат нова опсесија – станува збор за јужнокорејска серија која вешто ги спојува историската драма, комедијата и фантастиката. Веќе собра над 80 милиони часови гледаност ширум светот и се најде во топ 10 најгледани серии во 80 земји.

Иако сезоната сè уште не е завршена, серијата се искачи на врвот на глобалните листи на гледаност и доби пофалби од критичарите и публиката.

Спој на историја и модерна кујна

Серијата со наслов „Bon Appétit, Your Majesty“ ја следи Јеон Џи јонг (Yeon Ji yeong) (која ја игра K-pop ѕвездата Им Јун а (Im Yoon-ah)), талентирана готвачка на француска кујна која изградила кариера во модерното време. На денот кога победува на големо кулинарско натпреварување, за време на затемнување на Сонцето, мистериозно е пренесена во минатото — во времето на славната династија Џосеон, која владеела со Кореја повеќе од пет века.


Нејзиниот модерен пристап кон готвењето во кралскиот двор предизвикува шок – но и воодушевување. Џи јонг на крајот станува лична готвачка на кралот Ји Хеон (Ли Чае мин), владетел кој има репутација на тиранин, но е познат и по својот исклучително префинет вкус за храна. Додека се прилагодува на дворскиот живот, таа мора да се справи со ривалства, интриги и огромна задача – да ја освои довербата на кралот преку своето кулинарско мајсторство.

Публиката е воодушевена

Серијата моментално е трета најгледана во светот според листите Нетфликс, а публиката на сајтот „Rotten Tomatoes“ ѝ дала речиси совршена оценка од 97%. Еден гледач ја опишал како мешавина од сериите „корејски Outlander“ и „Iron Chef“.


Гледачите полни со пофалби

„Преполна е со задоволства! Историските сетови и костимите, прекрасната кинематографија, урнебесната хемија помеѓу двата главни лика... Едноставно толку свежо и возбудливо!“, гласи еден од коментарите.

Друг гледач напишал: „Апсолутно ја обожавам оваа серија, не е предвидлива, секоја епизода е повозбудлива од претходната.“

Трет се согласил: „Акција, мистерија, малку романса, дворски интриги, фантазија/научна фантастика! Ова е една од моите омилени К-драми на Нетфликс во последните неколку години!“

Серијата „Bon Appétit, Your Majesty “се емитува на Netflix, а по