[ВИДЕО] Повторно е вирално интервјуто на Ален Делон, каде го прашале што би сакал Бог да му каже по смртта: Неговите зборови тераат на солзи

Точка

24/09/2025

16:43

1.613

Големина на фонт

а а а

Интервјуто кое своевремено го дал славниот актер Ален Делон, а кое се состои од само неколку реченици, овие денови повторно стана вирално.

Тој успеал самата суштина да ја сублимира во само неколку зборови кои директно ја погодуваат метата. Ви го пренесуваме во целост:


– Вашиот омилен збор:

Чест.

– Збор кој го презирате:

Виртуелно.

– Вашата омилена „дрога“:

Љубов.

– Кој звук сакате да го слушате?

Звукот што го испушта волкот – завивање на волци навечер во шума.

– Кој звук го мразите?

Звукот од пушка што пука на волци и други животни.

– Вашата омилена пцовка или вулгарност?

(Со насмевка сочно пцуе на мајчиниот француски јазик.)

На забелешката од водителот дека тоа е типично за Французите, Делон одговара:

„Па така е како што е, но верувајте ми – јас сум многу Французин.“


– Маж или жена што би сакале да се најде на новата банкнота?

Шарл де Гол или Брижит Бардо. Или, зошто да не – двајцата.

– Работа што не би сакале да ја работите?

Чувар на базен. Се плашам од вода, а и брзо би ми станало досадно. Немам трпение.

– Растение, дрво или животно во кое би сакале да се реинкарнирате?

Малиноа – тоа е белгиски овчар.

– Ако Бог постои, што би сакале да ви каже по Вашата смрт, Ален Делон?


„Со оглед на тоа дека ова е твојата најголема и најдлабока болка, а јас тоа го знам – дојди, ќе те однесам кај татко ти и мајка ти, за конечно, за првпат, да ги видиш двајцата заедно.“