Два месеца откако тогашниот извршен директор на компанијата „Astronomer“, Енди Бајрон, беше уловен на популарната „Kiss Cam“ камера како ја прегрнува Кристин Кабот, директорка за човечки ресурси во компанијата, на концерт на „Coldplay“, се огласи извор близок до Кабот за да ја открие вистинската природа на нивната врска.
Според истиот извор, моментот кој стана вирален – каде Бајрон ја прегрнува Кабот – не ја одразува целосната вистина.
Во изминатите недели во јавноста се појавија информации за тоа дека Кристин веќе била во процес на развод од својот сопруг пред да присуствува на концертот со Бајрон.
„Кристин и Енди имаа одличен професионален однос и одлично пријателство. Немаше афера. Секако, непримерно е да го прегрнуваш твојот шеф на концерт, и таа ја презема целосната одговорност за тоа, но скандалот, губењето на работата – сето тоа е неправедно“, изјавил изворот за People.
И Бајрон и Кабот ја напуштија компанијата по инцидентот. По оставката на Бајрон, компанијата соопшти дека од своите лидери очекува да постават стандарди – како во однесувањето, така и во одговорноста – а дека тој стандард во овој случај не бил исполнет. Изворот близок до Кабот тврди дека медиумското известување за инцидентот е далеку од реалноста.
„Важно е да се нагласи колку Кристин беше неправедно етикетирана. Тешко е да се биде сведок на сето она што се случи, и мора да разбереме колку тоа може да биде разорно – не само за поединците, туку и за нивните семејства. Ова може да му се случи на секого, во било кој момент. Овде се работи за вистински луѓе и вистински семејства. Тажно е да се гледа колку беа предмет на потсмев“, изјавил изворот.
Во периодот кога присуствувала на концертот, Кристин веќе била разделена од својот сопруг.
„Тие беа спогодбено разделени и се движат кон развод“, потврдил изворот близок до Кабот.
Дополнително, истиот извор открил изненадувачки детаљ – на истиот концерт, кога Кабот беше видена со Бајрон, присуствувал и нејзиниот сопруг со друга жена.
„Нејзиниот сопруг беше на концертот, на романтичен состанок истата вечер“, додал изворот за „People“.