Песочните дини претставуваат едно од најнеобичните природни чуда во Јапонија кое со причина привлекува голем број туристи.
Сместени во префектурата Тотори, на крајбрежјето на Јапонското море, овие дини се најголеми во земјата и на посетителите им даваат чувство дека се наоѓаат во приватна пустина – и тоа во срцето на Јапонија.
Тие се протегаат на должина од околу 16 километри и ширина до 2 километри, а висината на некои дини достигнува и до 50 метри. Нивната посебност е во тоа што таму на единствен начин се сретнуваат три елементи: златен песок, синото море и белиот снег во зимските месеци.
За разлика од многу други пустински предели, овие дини непрекинато го менуваат обликот благодарение на моќните морски ветрови. Тоа создава постојани нови пејзажи и секоја посета ја прави поразлично искуство.
Во зависност од годишното доба, сцените целосно се трансформираат, во текот на летото посетителите можат да уживаат во сончевите зраци и во контрастот од песокот и морето, додека пак во текот на зимата снежната покривка ги претвора дините во бајковит пејзаж каде белите падини се „мијат“ во морскиот хоризонт.
Освен природната убавина, дините се и центар на авантурите. Посетителите можат да пробаат „sandboarding“ – адреналински спорт сличен на „snowboarding“, но на песок или пак јавање камили кои дополнително го зголемуваат впечатокот дека сте зачекориле во вистинска пустина.
Љубителите на висината можат да уживаат во параглајдинг и панорамските предели на динамичните пејзажи.
Доколку сте таму треба да го посетите и музејот на песок. Тоа е единствениот музеј на светот посветен на песокот. Секоја година меѓународните уметници прават импровизирани скулптури од песок, често инспирирани од различни култури и историски теми. Овие изложби траат со месеци, привлекувајќи ги посетителите од цела Јапонија и светот и ја прават посетата со денови да биде уште побогато искуство.
Дините се дестинација која ги спојува природните контрасти и културното доживување на едно место.
Без оглед на тоа дали ќе ги посетите во лето или назима, овој крај ќе ве маѓепса со својата необичност.
Доколку барате автентично патување низ природата на Јапонија каде снегот, песокот и морето се сретнуваат во совршена хармонија, тогаш дините се вистинското место за вас.