4 видови намирници кои го оптоваруваат срцето и крвните садови: Го уништуваат здравјето, особено кај луѓето со зголемен крвен притисок

Точка

25/09/2025

09:45

1.215

Големина на фонт

а а а

Дознајте кои намирници и преработени работи треба да ги избегнувате, особено лицата кои имаат проблем со висок крвен притисок.

Откријте зошто солта, масната и индустриски преработената храна, алкохолот и шеќерот му штетат на срцето и крвните садови и дознајте кои се поздрави алтернативи од нив.

Лицата кои имаат зголемен крвен притисок (хипертензија) треба да обрнат внимание на исхраната и начинот на живот затоа што одредени намирници и навики дополнително го оптоваруваат срцето и крвните садови. Еве што треба да избегнуваат или барем значително да го ограничат.


1. Солена храна и сол

Главниот непријател кај високиот притисок е солта (натриумот).

Треба да избегнувате солена храна, сувомеснати производи (сланина, колбаси, шунка), конзервирана и брза храна затоа што таа содржи голема количина сол.

2. Масни и преработени намирници

Преработените намирници како што се паштетата, виршлите, индустриски месните производи и готовите оброци.

Масното месо, похуваната храна и пржената храна, маргаринот, производи со транс-масти треба да ги избегнувате затоа што ги оштетуваат крвните садови.

3. Алкохол и газирани сокови

Алкохолот го зголемува крвниот притисок и ги оптоварува срцето и црниот дроб.

Газираните и енергетски напитоци се полни со шеќер и кофеин и можат да предизвикаат нагли скокови на притисокот.


4. Премногу кофеин

Кафето во големи количини, енергетските напитоци и јакиот црн чај можат да го зголемат притисокот кај чувствителните луѓе.