[ФОТО] Женствено, шик и толку моќно: Стајлингот на Меланија поради кој за момент никој во зградата на ОН не зборувал за Доналд Трамп

Точка

24/09/2025

22:49

3.633

Големина на фонт

а а а

Можеби претседателот на САД бил главна ѕвезда на Генералниот собир на ОН, но неговата прва дама успеала да му украде барем 5 минути слава.

Доналд Трамп одржа говор во седиштето на ОН во Њујорк, каде пристигна во друштво на својата сопруга Меланија Трамп.

Претседателот и првата дама повторно, како и по слетувањето во Англија минатата недела, пристигнале држејќи се за раце, што делува како работа на договор, а во овој случај Меланија го привлекла вниманието поради својот стајлинг.

Еднакво се зборува и за тоа што ескалаторот почнал да работи истата секунда кога Трампови стапнале на него, што Меланија одлучила само да продолжи да оди.

Деловен стил на Меланија Трамп во зградата на Обединетите Нации

Под ефектното сако кое ги нагласило нејзините раменици, Меланија носела кошула со боја на карамела, а сето тоа го искомбинирала со бели салонки на тенка висока потпетица.


Инаку, Меланија на овој настан ја иницирала иницијативата „Заедничко негување на иднината“ чија цел е подобрување на состојбата на децата низ промоции на образование, иновации и технологија.