[ФОТО] Модна „битка“ на првата дама и кралицата: Меланија Трамп и Ранија од Јордан во изданија без грешка

Точка

25/09/2025

08:20

2.404

Големина на фонт

а а а

За стајлингот на Меланија Трамп зборува цел свет, но ни Ранија не оставила помал впечаток.

Меланија Трамп повторно го украла вниманието со гламурозното издание во текот на 80 заседание на Обединетите Нации во Њујорк.

За оваа прилика Меланија носела беспрекорен бел комплет „Долче и Габана“ под кој носела свилена блуза од брендот „Макс Мара“. Струкираното сако и елегантните панталони до глуждовите дополнително ги истакнала со салонките кои привлекле големо внимание.


За разлика од смелата комбинација со која допатувала на истото место во 2018 година, овојпат одлучила да има посуптилен и помоќен изглед.

Нејзиниот долгогодишен стилист Ерв Пјер ја открил тајната на нејзиниот препознатлив стил:

„Меланија обожува сведени линии и перфектно кроени костими. Нема да ја видите во карнери и цветни принтови, тоа едноставно не е таа.

Нејзиниот стил со години е доследен, елегантен, самоуверен и без вишок детали“.

Меланија на овој настан изјавила:

„Сакаме секое дете да има мoжност да напредува во дигиталната ера. Технологијата веќе го смени начинот на којшто живееме, учиме и се поврзуваме, а следната генерација тоа ќе го донесе на ново ниво“, истакнала таа.

Кралицата Ранија повторно блескала во една од оние комбинации кои ја сместуваат во редот меѓународна кралска икона. Таа избрала да носи свилен фустан со боја на ванила од брендот „Баленсијага“ со долги ракави.

Таа го надополнила изгледот со кафеави чевли, а од накит носела дискретни обетки. Во раката носела и впечатлива чанта.

Која модна комбинација повеќе ви се допаѓа?