[ФОТО] Фотографијата на Меланија Трамп за време на посетата на Велика Британија стана вирална на социјалните мрежи: „Лампа од Икеа“

Точка

20/09/2025

14:21

644

Големина на фонт

а а а

За време на нејзината официјална посета на Велика Британија на 17 септември, Меланија Трамп го привлече вниманието на јавноста со впечатливиот шешир, а нејзината фотографија брзо стана вирална на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни коментари и шеги.

Имено, за таа пригода, Меланија се решила за темносин струкиран комплет кој ја истакна нејзината фигура. Комбинацијата ја надополни со виолетов шешир кој прекри половина од нејзиното лице, па при движењето во одредени моменти таа изгледала како да не може да види во која насока оди.

Видеоснимките и фотографиите од настанот брзо станаа вирални, а критичарите на социјалните мрежи не штедеа на коментари. Многумина се шегуваа дека шеширот личи на „конусот на срамот“, популаризиран во цртаните филмови како симбол на казна за кучињата.

Некои тврдеа дека Меланија „не сака да биде видена“ покрај својот сопруг, потсетувајќи на шпекулациите дека за време на престојот во Лондон не спиела во иста соба со Доналд.

Исто така, некои се пошегуваа дека наликува на ламба.

„Се срами од него“, „Секој пат мора да се фотографира покрај него“, „Дали сме сигурни дека е таа, а не Џеј Ди Венс во фустанот“, „Тој моден додаток сигурно го држи Доналд подалеку од нејзиното лице“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.


Инаку ова не е прв пат Меланија да го „скрие“ лицето со шешир. Претходно оваа година, за време на инаугурацијата на нејзиниот сопруг, таа се појави во темно одело и шешир со широк обод што буквално го спречи Доналд да ја бакне.


„Очигледно ѝ е непријатно и не гледа добро. Зошто воопшто шешир?“, „Овој моден додаток скри половина од нејзиното лице. Ужасно“, „Изгледа елегантно“, се уште некои од коментарите на социјалните мрежи.