Иако приватноста ја чува далеку од очите на јавноста,сепак овојпат зборувал за една лична тема и немал проблеми да признае дека разводот „дебело“ го чинел.
Арнолд Шварценегер одлучил конечно јавно да проговори за својот развод од Марија Шрајвер во текот на церемонијата на „Холивудската патека на славните“ каде го поддржал новинарот Крис Валес.
Легендарниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, денес 78-годишен човек, не ја пропуштил можноста низ насмевка да сподели и една лична приказна.
Говорејќи за тоа како е да се биде во брак со новинарка, Арнолд се пошегувал:
„Причината поради која знам дека тој е неверојатен новинар е во тоа што за новинарите знам многу. Ме интервјуирале многу. А, бев во брак само со една. Разликата меѓу Крис и Марија е во тоа што Крис никогаш не зеде половина од моите пари“.
Марија Шрајвер поднела барање за развод во мај 2011 година, после 35 години брак. Во заедничко соопштение тогаш нагласиле дека и натаму заедно ќе ги одгледуваат своите деца:
„Нашите деца се светлина и центар на нашите животи“.
Афера која сменила сѐ
До развод дошло откако беше откриено дека Арнолд има афера со домашната помошничка од која е роден нивниот син Џозеф Баен. Шварценегер и Марија заедно имаат четири деца, а тој во едно интервју признал дека таа ситуација му била тешка:
„Беше тешко за моите деца за семејството, за сите. Се случи и моравме да најдеме начин да продолжиме понатаму“.
Додал дека неговиот син Џозеф е прекрасно момче и дека целосно ја разбира ситуацијата.