[ВИДЕО] Игор Џамбазов за несреќата на Тоше: „Грешката е во односот на Лилјана, не смееше да дозволи да го вози најдобар пријател“

Точка

18/09/2025

16:42

973

Големина на фонт

а а а

Игор Џамбазов неодамна гостуваше во поткастот „Претрес“ кај новинарот Кристијан Ландов, каде меѓу другото зборуваше и за својот пријател Тоше Проески.

Џамбазов вели дека Тоше за Македонија направи повеќе од сите министри за надворешни работи од 90-та па до денес. Вели дека Тоше не го сакаа само нашите соседи, туку цела Европа и Балкан, потенцирајќи дека сега сè уште има фан клубови во многу земји од регионот.

Тој зборуваше и за несреќата во која загина Проески, а грешката ја гледа во односот на неговата менаџерка Лилјана Петровиќ која не смеела да дозволи Тоше да патува со автомобил.

„Човек кој потпишува договор вреден 2 милиони фунти не може да патува за Загреб со својот најдобар пријател, човек кој потпишал таков договор мора да го вози професионалец“, изјави Џамбазов.

Тој истакна дека со таквиот став доколку несреќата не се случела во октомври, ќе се случела во мај, односно дека неизбежно било нешто такво.

Меѓу другото Џамбазов кажа и дека не смета дека Лилјана ова го направила за да заштеди 200-300 евра, туку затоа што му дозволила на Тоше да одлучува за тие работи.