[ВИДЕО] Болеста напредува, актерот објави шокантно видео и апел: „Пронајдете лек“

Точка

17/09/2025

20:14

1.227

Големина на фонт

а а а

Актерот Ерик Дејн, познат по улогите во сериите „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy) и „Еуфорија“ (Euphoria), во април откри дека се бори со амиотрофична латерална склероза (АЛС).

Деновиве, актерот се појави во ново видео во кое се залага за лек за АЛС, а на снимката беше забележливо напредувањето на неговите симптоми.

Дејн сними кампања за организацијата „Јас сум АЛС“ за да го промовира забрзувањето на истражувањето за оваа болест.

„Јас сум Ерик. Актер, татко и сега личност што живее со АЛС“, зборува тој на почетокот.


„Повеќе од еден век, АЛС е неизлечива болест, а ние повеќе нема да го прифаќаме тој статус кво. Ни треба најбрзиот пат до лек и затоа се здружив со ‘Јас сум АЛС’ во иницијативата ‘Притисок за напредок‘. Нашата цел? Милијарда долари во следните три години. Заедно ќе го обновиме историскиот закон за АЛС, ќе им донесеме ветувачки третмани на илјадници пациенти како мене. И конечно ќе почнеме да ставаме крај на оваа болест“, додаде познатиот актер и ги повика фановите да донираат за здружението.

На видеото, Дејн зборува бавно и повремено нејасно, а се чини дека во одредени моменти неговите раце неконтролирано треперат. Промената ја забележаа обожавателите кои изразија загриженост во коментарите.

„Напредокот е толку брз“, „Признавам, не знам многу за АЛС, може ли некој да ми каже дали разликата во говорот на Ерик е дел од дијагнозата? Звучи нејасно, како да се мачи со говорот. Срцепарателно е да се види колку брзо се промени на полошо“, се дел од коментарите.

Дејн ја откри својата дијагноза во јавноста неколку недели откако неговата сопруга Ребека Гејхарт го повлекла барањето за развод од него.


„Ние сме најдобри пријатели, многу сме блиски. Исто така, сме и одлични родители. Сфативме која е формулата за да останеме заедно како семејство и мислам дека тоа многу ќе им користи на нашите деца, а и на нас“, рекла таа.

Неодамна, актерот зборуваше за напредокот на својата болест и рече дека има „една функционална рака“.

„Мојата доминантна страна, левата, функционира. Мојата десна страна целосно престана да работи“, рече тој.

Додаде и дека има „неколку месеци“ пред да му „откаже и левата рака“, а рече дека постои можност да ја изгуби функцијата во нозете.


Инаку, амиотрофичната латерална склероза е најчестиот тип на болест на моторните неврони. Ги зафаќа нервните клетки во мозокот и ’рбетниот мозок, особено оние што ги контролираат движењата на мускулите. Како што болеста напредува, моторните неврони се оштетуваат, поради што доаѓа до пропаѓање, слабеење и парализа на мускулите. За АЛС не постои лек, но постои лек што може да го забави нејзиното напредување.