Холивудската ѕвезда ја изненадила јавноста: Го напуштила актерот три дена пред венчавката и побегнала со неговиот пријател

Точка

15/09/2025

08:00

1.142

Големина на фонт

а а а

Љубовниот живот на популарната актерка отсекогаш бил под лупа на јавноста, а не криела дека го следи своето срце, дури и кога нејзините одлуки биле неочекувани и шокантни.

Џулија Робертс, холивудската дива позната по својот исклучителен талент и убавина, често ги полнела насловните страници, не само поради филмовите туку и поради турбулентните љубовни авантури.

Нејзините врски и раскинувања покажувале колку била храбра во изборот на партнери, а понекогаш и контроверзна.


Еден од највпечатливите моменти се случил на почеток на 90-тите години кога планирала да се венча за актерот Кифер Седерланд.

Венчавката била закажана, но само три дена пред церемонијата, Џулија донела неочекувана одлука – ја откажала венчавката и побегнала со неговиот близок пријател, актерот Џејсон Патрик.

Оваа вест одекнала во Холивуд и долго се раскажувала како пример на драматичен пресврт во љубовниот живот на познатите актери.

Пред Сандерланд, Џулија била во врска со актерот Лијам Нисон, а медиумите ја следеле и нејзината романса со Дилан Мекдермонт и Метју Пери. Нејзините љубовни избори често се поклопувале со улогите кои ги толкувала во филмовите.

Во 1993 година таа се венчала за канадскиот музичар Лајл Лов, но бракот траел само две години. По разводот го продолжила бурниот љубовен живот и подоцна била во врска со актерот Бенјамин Брат.


Првата стабилна врска во приватниот живот ја нашла покрај снимателот Даниел Модеро којшто бил во брак кога ја започнале врската.

Парот се венчал во 2002 година и заедно имаат три деца.