[ФОТО/ВИДЕО] Од фудбалот се откажал, но на модна писта брилира: Ромео Бекам ја „засени“ дури и мајка му

Точка

19/09/2025

21:36

889

Големина на фонт

а а а

Помладиот син на Дејвид и Викторија Бекам, Ромео, очигледно најсериозно планира да се занимава со манекенство.

Иако семејството Бекам често се појавува на модната писта, а постариот син Бруклин, со кого сега не се во добри односи, исто така се обидел во тоа, меѓутоа се чини дека Ромео ќе продолжи по овој пат.


Имено на почетокот на Лондонската модна недела, имавме можност да го видиме Ромео Бекам на пистата заедно со Лила Мос.


Тој се прошета по пистата во црно од глава до пети, во широки панталони и кожна јакна со крзно околу јаката. Неговиот сериозен израз на лицето многумина ги потсети на Дејвид.


Инаку Ромео во тинејџерските денови се обидел да се занимава со фудбал, а бил и од академијата на Арсенал, но минатата година ја завршил професионалната кариера и целосно се посветил на манекенството.


Се чини дека сите членови на семејството Бекам мора да „запливаат“ во манекенски води, па така сè уште не е познато дали најмладата Харпер ќе се обиде да го стори истото како и нејзините браќа.