На социјалните мрежи се шири снимка од човекот од обезбедувањето на концертот на Лејди Гага кој не можел да одолее, а да не запее еден од нејзините најголеми хитови. Видеото за кратко време стана вирално и ги освои срцата на обожавателите.
Лејди Гага, со вистинско име Стефани Жоан Анџелина Германота, моментално е на својата турнеја „Mayhem Ball“, Недамна, 39-годишната пејачка настапи во њујоршкиот „Madison Square Garden“, а еден момент од настапот стана вирален.
Видео кое го освои интернетот
Снимката го прикажува обезбедувањето како ги пее стиховите од нејзиниот дует со Бруно Марс, „Die With a Smile“. „Човекот едноставно не можел да одолее да не го запее едниот од најголемите класици на Гага“, стои во описот на објавата.
Security just couldn't resist singing along to one of Gaga's biggest classics 🥹 pic.twitter.com/jtq9WomMbc
— ɢ.ᴜ.ʏ. | 𝙈𝘼𝙔𝙃𝙀𝙈 (@dollopgaga) September 9, 2025
На видеото се гледа маж свртен кон публиката како пее, а потоа скришум погледнува кон бината на која настапува Гага. Објавата собра повеќе од 184.000 прегледи и 12.000 лајкови, а не е познато кој првично го снимил видеото.
Воодушевени обожаватели
Во коментарите под објавата, фановите на Гага го изразија своето воодушевување од реакцијата на мажот од обезбедувањето.
„Да го најдеме и да го направиме славен“, „И скришум погледна и аплаудираше на крајот“, „Неговата работа е толку тешка, не може навистина да ужива во изведбата. Се поклонувам за тоа што ги чуваат изведувачите и ја прават публиката безбедна“ и „Беше навистина љубезен. Се сопнав додека излегував и тој ми помогна“ , се дел од коментарите под видеото.
Турнејата продолжува
Турнејата на Лејди Гага, „Mayhem Ball “, продолжува во среда, 10 септември, во „Scotiabank Arena“ во Торонто. Турнејата започна во јули во Лас Вегас, а ќе заврши во јануари 2026 година во Токио.