Во свет полн со промени, трендови што доаѓаат и заминуваат - постојат нешта што траат. Lollipop Entertainment Group не е само име, туку симбол на забава, креативност и незапирлива енергија. Оваа година слават 15 години постоење - петнаесет години полни со ритам, иновација и вистинска страст кон забавата.
Од скромни почетоци - до изградбата на еден од најпрепознатливите брендови на регионалната ноќна сцена, Lollipop е синоним за врвна забава, беспрекорна организација и автентично доживување. Со над 10.000 успешни настани, ексклузивни артистички соработки и проекти што го менуваа начинот на кој се перцепира ноќниот живот - тие не се само дел од сцената, туку и ја обликуваат.
Ова не е обичен јубилеј, ова е прослава на визија што трае, на тим што не познава граници, и на публика што верува. Во свет полн со брзи задоволства, Lollipop останува стандарден носител на квалитет, стил и автентична емоција.
Срцето и душата на Lollipop Entertainment Group, Јане Јанев - човекот кој 15 години го гради ова име, истакнува дека Лолипоп не е само успешен и препознатлив бренд, туку сложно семејство кое благодарение на својата упорност и визија е долгогодишен лидер во ноќниот живот во државата.
„Lollipop претставува заеднички сон, кој низ годините прерасна во реалност, организација во која се спојуваат креативноста, музиката, забавата и пријателствата. За нас, оваа приказна е симбол на истрајност, љубов кон она што го правиме и верба во моќта на тимот. Секој настан, секој проект и секој момент од овие 15 години е дел од една колективна емоција која нè поврзува и инспирира да продолжиме уште посилно“, појаснува Јанев.
Гласот кој стои зад маркетинг стратегиите, Ангела Филиповска, додава:
„Lollipop не се стреми да ги обликува артистите според некој универзален калап. Наместо тоа, ги поддржува во истражувањето и развивањето на сопствениот, автентичен стил. Секој артист има своја приказна, музички вкус и енергија, што се рефлектира во нивниот настап. Исто така, Lollipop овозможува поврзување и соработка помеѓу артистите, што може да доведе до нови проекти, ремикси и проширување на нивната публика. Ние не сме само агенција која ги застапува артистите, туку и партнер кој инвестира во нивниот креативен и личен развој, создавајќи средина каде што талентот и автентичноста се високо ценети“.
Гласникот на енергијата и духот на артистите, Миа Филиповска, ја потенцира сплотеноста и тимскиот дух во Лолипоп, кадешто вратата за сите кои имаат големи соништа е секогаш широко отворена.
„Ние сме семејство кое расте со своите артисти, а не само агенција која ги застапува. Кај нив, секогаш бараме автентичност и енергија што остава впечаток. Нашето семејство е место каде што музиката и креативноста добиваат простор да растат. Ако некој сака да стане дел од нас, доволно е да ни се обрати, да ја сподели својата музика и визија – а ние ќе помогнеме тој звук да допре до поширока публика и да стане дел од вистински приказни“.
15 години Lollipop – долго патување исполнето со музика, тимска посветеност и раст на артистите. Честитки за семејството кое го прави ноќниот живот вистинска магија!
Автор: Ц.Н.