Пејачката Марија Шерифовиќ настапи во Македонија (Кавадарци), а видео од нејзиниот концерт се шири по социјалните мрежи. Во еден момент, таа слегла меѓу публиката за да ги поздрави обожавателите и да пее со нив.
Девојка од публиката посака лада пее и се обидела да ѝ го земе микрофонот на Марија. Пејачката кратко престанала да пее и бесно рекла: „Мрш, бе“, а на нејзиното лице се видела и запрепастеност.
Во коментарите под видеото, мислењата се поделени. „Марија е малку повеќе полна со себе, за жал 🙄“, пишувале некои, додека други ја бранеле: „Зошто сите ја напаѓаат Марија, толку некултурно и безобразно е тоа што го направи оваа девојка“, гласи еден од коментарите под видеото.
Ги лимитирала концертите
Марија неодамна се огласи на Инстаграм во врска со своите концерти за остатокот од оваа година. „Да нема забуна! Да, на годишен сум одмор до неодреден. Затоа бројот на концерти оваа година е ограничен“, рекла таа, а потоа ги напишала датумите за следните четири концерти и додала: „И тоа би било тоа за оваа година“.
На многумина оваа објава не им се допадна бидејќи очекуваа повеќе концерти до крајот на годината, пренесува „Blic“.
Ги напушти Ѕвездите на Гранд
Неодамна открила и дека го напушта жирито на Ѕвездите на Гранд. Објавила низа фотографии од популарното српско шоу и напишала: „Мои кукли, сигурна сум дека во неколку реченици никако не можам да ги соберам сите емоции што ги чувствувам додека го пишувам ова.
По 10 години поминати во жирито на емисијата Ѕвездите на Гранд, чувствувам дека дојде моментот да го затворам ова важно поглавје од мојот живот и кариера“.