[ФОТО] Точка дознава: Ива Спасовска повторно се сели во Чикаго? - „Сакам да видам дали овде ќе бидам уште посреќна отколку во Скопје“

Точка

09/09/2025

21:41

2.080

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката и модна дизајнерка, Ива Спасовска, деновиве објавува фотографии на Инстаграм од Америка, но и овојпат не е отидена како турист - причината повторно е многу поголема.

По разговорот што го направивме со неа, сфативме дека можеби и нема наскоро да се врати во Македонија и дека донела нова голема животна одлука - а тоа е можеби и преселба во Чикаго. Ја исконтактиравме и ја прашавме како се одлучила на овој чекор, како ја донела оваа одлука и дали е конечна.

„Во Америка дојдов на 1 септември, значи сега пред само неколку дена. Тоа беше момент кога почувствував дека повторно ми е потребна голема промена во животот. Досега сум сменила можеби и дваесетина домови, постојано во потрага по тоа вистинско место каде што ќе можам да се „укотвам“ – да го најдам своето сидро, и емотивно, и ментално, и на секој друг начин. На оваа одлука големо влијание имаа и мои многу драги личности, кои инсистираа дека и после 7 години треба да ѝ дадам уште една шанса на Америка и дека токму тука можам да уживам во мојот живот. Јас никогаш не сум се плашела да излезам од својата комфорна зона – напротив, луѓето често велат дека сум храбра и дека умеам преку ноќ да ја сменам целата моја животна слика за да тргнам по нов пат“, ни открива Ива.


Додава дека овојпат предизвикот го гледа како можност да ги открие новите шанси што животот ѝ ги носи од другата страна на океанот, со свежа енергија и со верба дека ќе најде нова стабилност и среќа.


На прашањето што би работела таму, дали се откажува од дизајнерството и инфлуенсерството и дали има конкретни опции, ни вели:

„За првпат во животот сум мирна и опуштена околу ова поле. Условите ми се такви што можам да си дозволам да се препуштам, без да си создадам притисок. Доволно сум докажана – веќе 20 години сум успешен моден дизајнер и влијателна личност на социјалните медиуми. Преку моите проекти, модното студио и илјадници жени кои минале низ моите раце како клиенти, срцето ми е полно и исполнето. На само 35 години имам дваесетгодишно искуство во бизнисот, што значи дека сите битки на професионално поле сум ги поминала навреме и прерано. Денес сум благодарна што имам удобност да не морам веднаш да се борам и да се грижам што ќе работам. Сигурна сум во своите квалитети и афинитети и знам дека ако треба нешто да дојде – ќе дојде. Верувам дека тоа, како и секогаш досега, ќе биде или креативно, или нешто што ќе го буди мојот натпреварувачки дух. Но кога и како ќе се случи – тоа ниту сакам да го планирам, ниту ми е целта да го размислувам“.


Мотото на Ива е: „Додека сме живи – треба да пробуваме“.

„Пред сè треба да сме благодарни на Бога што ни дава шанси. Јас сум човек кој секогаш прифаќа предизвици и си дава нови можности. Верувам дека заслужувам сè убаво што може да ми го понуди животот – и тоа верување го носам од моментот кога станав свесна за себе“, вели модната дизајнерка.

Заминала во Америка за подобар живот, за поубави услови и поголеми шанси за среќа. Не заминала само од професионални причини, ниту за една конкретна цел – туку за една целосна животна слика.


„Овојпат одлуката ја донесов и затоа што неколку многу драги личности ме охрабрија дека заслужувам да ѝ дадам шанса на Америка, без да се потпирам на моето прво искуство. Пред седум години пробав да живеам во Чикаго, а потоа и во Лос Анџелес – и тие искуства беа многу различни од ова сега. Денес, мојата слика за Америка е сосема поинаква. Сакам да видам дали овде ќе бидам уште посреќна отколку во Скопје.


Македонија ја сакам неизмерно, а Скопје е мојот град, иако сум Кумановка. Во срцето никој град во светот не може да го замени Скопје. Но за начинот на живот и условите во кои верувам дека заслужувам да живеам, овојпат одлучив да си дадам шанса – пред сè на себе, но и на луѓето кои со нетрпение ме чекаа овде“, заклучува Ива.

А ние, ѝ посакуваме многу среќа во новото животно поглавје на Ива, да ја најде среќата за која сонува и да ги исполни сите свои некогашни детски замисли.

Автор: Ц.Н.