„Куќата ѝ е прекриена со кучешки измет, живее во целосен хаос, се плашиме од најлошото“: Некогаш беше огромна ѕвезда, а денес е на дното, пријателите стравуваат дека нема да преживее

Точка

10/09/2025

09:31

6.981

Големина на фонт

а а а

Пријателите се многу загрижени за неа. Како што велат, таа живее крајно хаотично, а тоа и самата го покажа на Инстаграм.

Веќе со години се пишува за алармантните знаци за музичката ѕвезда Бритни Спирс и за жал нема промени на подобро.

„Не е добро, пријателите и роднините се плашат за нејзината иднина. Нејзината куќа е хаотична, таа не чисти по кучињата, нема никој да одржува ред секој ден, а таа едноставно не функционира како возрасна личност“, изјавил член на семејството на Спирс (43).

Извор близок до пејачката тврди: „Таа моментално поминува низ епизода и ќе следиме како ќе се справи со тоа, како што правела со години“, пишува Дејли Мејл.

Како што додаде инсајдер, најблиските до Бритни неколку пати виделе таква ситуација и иако ја следат, „не планираат никаква интервенција“.


Минатиот месец, пејачката објави видео од себе како танцува во неуредна вила со кучешки измет во заднина. Во снимките од социјалните мрежи, пејачката танцувала на песните на Ријана и зборувала со британски акцент.

„Се забавувам со осветлувањето и ја чистам куќата како да нема утре“, рече таа тогаш и забрани коментирање на својот Инстаграм профил, но нејзините обожаватели на социјалните мрежи коментираа дека се многу загрижени и за нејзиното здравје и за безбедноста на домашните миленици.


Спирс објавува шокантни видеа и фотографии на Инстаграм од ноември 2021 година, кога беше прекинато 13-годишното старателство на нејзиниот татко, кој целосно го контролирал нејзиниот живот, а сега таа неретко позира гола и во чудна состојба.