[ФОТО] Пејачката Дани Димитровска блесна во бело – се омажи за својот долгогодишен партнер Горан

Точка

11/09/2025

11:00

1.881

Големина на фонт

а а а

Популарната македонска рок-ѕвезда, пејачката Дани Димитровска се омажи за својот долгогодишен партнер Горан Веселиновски – Весел.

По долги години љубовна врска, парот одлучи да ја круниса среќата со брак, а тоа го направил на интимна церемонија.


Веста за венчавката на Дани ја објави пејачката на Инстаграм стори, објавувајќи две фотографии, една со нивните деца, а другата сама покрај некогашниот кошаркар, а сега директор на КК „Работнички“.

Од објавените фотографии видно е дека парот е пресреќен и ужива во својата љубов, заедно со нивните деца – синот на Дани, Лазар којшто го добила на 21 година и ќерката на Горан од првиот брак.


Невестата Дани избрала да носи бели панталони кои ги комбинирала со бела ролка без ракави и со карнери, додека пак нејзиниот избраник Горан носел бела кошула.

Инаку, ова е втор брак на Дани која првпат се омажи на само 20 години.


Тимот на „Точка“ им посакува долги години љубов, разбирање и хармонија и моменти исполнети со радост и сплотеност.