[ВИДЕО] Непријатното прашање за ДиКаприо упатено до младата актерка ја шокираше и згрози јавноста

Точка

10/09/2025

17:04

1.316

Големина на фонт

а а а

Младата актерка Чејс Инфинити дебитира на големо платно, а со тоа полека се навикнува и на сè што носи славата– вклучувајќи и непријатни прашања на црвениот тепих. Инфинити глуми заедно со Леонардо ДиКаприо во новата авантуристичка комедија „One Battle After Another“, пишува „HuffPost“.

Филмот ја следи приказната за поранешни револуционери кои повторно се собираат по речиси 20 години кога нивниот стар непријател се враќа на сцена. Но, понекогаш се чини дека животот ја имитира уметноста, а овој пат она што повторно се појави беше непријатно прашање поставено на 25-годишната актерка на премиерата на филмот.


Прашање што го згрози јавноста

За време на интервју за „Variety“, кое во меѓувреме беше избришано од нивните платформи, новинарот ја прашал Инфинити: „Како се чувствуваш кога Леонардо ДиКаприо го викаш ‘тато’?“.

Актерката била видливо збунета од прашањето. Нејзиниот одговор бил воздржан: „Па, умм, не мислев дека тоа ќе биде нешто што јас ќе го правам.“

Реакции на социјалните мрежи

Иако „Variety“ го отстрани спорниот видео-запис, но снимката веќе оживеа на социјалните мрежи, каде што корисниците остро го осудија потегот на новинарот и застанаа во одбрана на младата актерка.

„’Variety’ го избриша видеото на Марк Малкин кој се однесува како целосен идиот со Чејс Инфинити на црвениот тепих на филмот ‘One Battle After Another’“, напишал еден корисник.

Други ја повикаа медиумската куќа на јавно извинување. „Сета љубов за Чејс Инфинити, бидејќи тој момент на црвениот тепих го одработи со такво смирение, грациозност и елеганција. „Variety“ треба јавно да се извини“, стои во една од објавите.

„Нема причина новинарот, особено не стар белец, да поставува вакви прашања. Тоа е нејзино филмско деби, а ти со гордост го прашуваш тоа?“, „Изгледа како да ѝ е непријатно“, „Очигледно е збунета и разочарана од прашањето“, „Беше возбудена што дава интервју, а потоа тој прашува вакво нешто“, пишуваат луѓето на „X“.

Интересно е што Инфинити во интервју за „Vanity Fair“, објавено среде август, откри колку била нервозна пред големата медиумска турнеја. „Многу е застрашувачки, бидејќи сум многу анксиозна личност“, признала таа тогаш. „Што ако кажам нешто погрешно?“.