[ВИДЕО] Актерка Зета-Џонс шокираше со коментарите за еден обожавател (12): „Кога јас ќе имам 70 години, тој ќе има 33“

Точка

10/09/2025

08:48

2.635

Големина на фонт

а а а

Велшката актерка Кетрин Зета-Џонс (55) предизвика бурни реакции откако даде несоодветен коментар за 12-годишен обожавател за време на гостувањето во емисијата „Late Night with Seth Meyers“ на 5 септември.

Ѕвездата, која ја промовираше втората сезона од серијата „Wednesday“ на Нетфликс, со нејзината шега ги згрози корисниците на социјалните мрежи.


Што точно кажала?

За време на интервјуто со водителот, Зета-Џонс зборуваше за новата, помлада генерација обожаватели што ги стекна благодарение на популарната серија. Таа раскажа анегдота за средба со „навистина слатко 12-годишно момче“ кое ѝ побарало автограм додека играла голф сопругот Мајкл Даглас.

„Беше навистина слатко, а потоа си помислив: „Хаха. Кога ќе имам 70 години, ова слатко момче ќе има 33 години“, рече актерката. Потоа додека ја пресметувала разликата во годините, мислела дека потенцијалната идна врска би била „во ред“.

Жестоки критики на социјалните мрежи

Додека водителот Сет Мејерс се пошегува на нејзина сметка, прашувајќи дали нејзиниот сопруг е свесен за таквите мисли, на публиката воопшто не ѝ било забавно. Еден клип од интервјуто брзо стана вирален, а потоа следуваа остри критики. „Морничаво е. Кој има такви мисли“, напиша еден корисник.


Друг додаде: „Да се размислува и зборува буквално за дете на овој начин е неприфатливо и апсолутно сум згрозен што таа помислила дека ова ќе биде симпатична приказна за споделување со светот.“ Многумина, исто така го искритикуваа и Мејерс што учествувал во шегата наместо да го осуди нејзиниот коментар.

Споредби со нејзиниот брак

Корисниците на интернет повлекоа паралели со нејзиниот брак со Мајкл Даглас, кој е 25 години постар од неа. Тие се венчаа во 2000 година, кога Кетрин имаше 31 година, а тој 56. Сепак, многумина посочија клучна разлика.


„Слушајте, знам дека е во брак со многу постар маж, но таа беше возрасна личност кога ја донесе таа одлука“, напиша еден корисник, нагласувајќи дека во овој случај станува збор за дете, што ја прави ситуацијата сосема поинаква.