Во автомобил на американски пејач пронајдено распарчено тело: Еден ден потоа, тој продолжил со настапите

Точка

10/09/2025

09:56

1.394

Големина на фонт

а а а

Американскиот пејач „D4vd“ го одржа својот закажан концерт во Минесота, еден ден откако полицијата пронајде распарчено тело во багажникот на неговиот автомобил во Холивуд.

„D4vd“ настапи во салата „Филмор Минеаполис“ како дел од неговата светска турнеја.


Меѓутоа, полицијата била повикана во понеделник поради пријава за непријатен мирис што доаѓал од автомобилот „Тесла“ на американскиот пејач. По истрагата, тие пронашле човечки остатоци во автомобилот, кој бил регистриран во Хемпстед, Тексас, на име на Дејвид Ентони Бурк, што е вистинското име на „D4vd“.



Полициски извори за ТМЗ изјавија дека телото пронајдено во автомобилот било распарчено и во целосно распадната состојба. Полицајците го информирале „D4vd“ за сè што се случило, но тој не бил свесен за ситуацијата.

Сè уште не е познато дали „D4vd“ го дал автомобилот на некого на користење или бил украден, а полицијата потврди дека пејачот соработува за време на полициската истрага.

Инаку „D4vd“ настапувал и во Мисури, Колорадо, Јута, Орегон, Вашингтон и Калифорнија, по што следеле концерти во Норвешка, Данска, Шведска, Германија, Холандија, Белгија, Ирска, Обединетото Кралство, Франција, Швајцарија, Австрија, Чешка, Полска и Австралија.