[ФОТО] Милионски париски пентхаус – уметничка скапоценост од 134,7 метри квадратни во срцето на градот на светлината која го одзема здивот

Точка

03/09/2025

11:30

758

Големина на фонт

а а а

Во срцето на Париз, градот на љубовта и безвременскиот дизајн, се наоѓа луксузен пентхаус од 134,71 метар квадратен, вистинско ремек-дело кое ја спојува ренесансата и современата естетика.

Овој пентхаус е креација на студиото „Boca do Lobo“, а резиденцијата е вредна 4 милиони долари и проектирана така што да ги соедини функционалноста, уметничката инспирација и луксузот на секој чекор.


Отворениот концепт на просторот ги поврзува сите зони низ единствен дизајнерски јазик, додека пак класичните елементи како белите француски лајсни и големи прозорци го внесуваат духот на историјата.

Секоја просторија делува како галерија, опремена со скулптури и уметнички парчиња кои го нагласуваат раскошот.

Во влезот има доза на префинетост благодарение на комодата, златното огледало и кружната маса, додека пак дневната соба е комбинација од антички мотиви и современ луксуз со софа и импозантна маса.


Во трпезаријата исто така доминира масата со столиците, додека пак во кујната се наоѓа темен мермер со остров и златни детали, спој на функционалноста и гламурот.

Главниот тоалет е обложен со мермер и украсен со „Lumiere“ огледало и уникатно „Sumphony“ мијалник, додека пак главната спална соба е дизајнерска „скулптура“.

Пентхауот го надополнуваат огромен гардеробер со централен „lounge“ дел и канцеларија која го рефлектира личниот стил на сопственикот.


Оваа недвижнина не е само дом – таа е доживување. Совршен баланс на историскиот шарм и модерниот луксуз, уметнички дух и врвна изработка, ја прави една од најпосакуваните адреси во Париз.