На плажите во Грција поради ова може да ве казнат со 1.000 евра – обрнете внимание на законите и правилата

Точка

03/09/2025

20:26

890

Големина на фонт

а а а

Туристите во Грција можат да бидат казнети со голема парична казна поради активност која многумина вообичаено ја прават во текот на летниот одмор.

Масовниот туризам остава голема трага на ова подрачје, па грчките власти бараат начини да ги заштитат недопрените плажи и древни рушевини.

Новите казни ќе бидат воведени за земјата да остане зачувана, а туристите мораат да обрнат внимание на своето однесување. Строгите правила треба да бидат средство за одвикнување и контрола, пишува британски „Express“.


Според пишувањето на порталот „Travel and Tour World“, фокусот на владата е да се зачуваат убавините на плажите и да се заштитат археолошките наоѓалишта, па дури и кога бројот на туристите расте.

Доколку сакате да собирате школки или камчиња од плажа, сега би можеле да бидете казнети. Новите правила привлекле внимание кај туристите, секој којшто ќе отстрани природни елементи од заштитените подрачjа и може да се соочи со казна до 1.000 евра.

Идејата зад ова правило е заштита на чувствителниот екосистем на грчките плажи затоа што дури и наизглед простите активности, како собирање школки можат да го нарушат локалниот биодиверзитет и да придонесат во ерозија на крајбрежјето.

Пораката на новите правила е јасна: природните ресурси мора да бидат заштитени, а крајбрежните подрачја почитувани. Туристите биле повикани да размислат за последиците од своите постапки по животната средина.


Нови правила и за лежалките на плажа

Грчките закони веќе долго наложуваат дека 70 отсто од јавните површини на плажите мора да останат ослободени од лежалки и столчиња за изнајмување.

Меѓутоа, спроведувањето на овие правила сега ќе биде дополнително построго, а казните ќе се наплаќаат на поединци и фирми кои прават прекршоци.

Туристите треба да се информираат за важечките правила и прописи за да избегнат непријатности и да ги заштита природните предели во текот на својот престој.