Овие 3 моќни намирници го чуваат мозокот и помнењето – покажаа истражувањата на докторите

Точка

03/09/2025

09:00

1.182

Големина на фонт

а а а

Ризикот од когнитивен пад расте со текот на годините, а вклучува проблеми со помнењето и концентрацијата.

Деменцијата која значајно влијае на секојдневниот живот и самостојноста, станува голема грижа. Ситуацијата дополнително ја отежнува фактот што многу од постарите луѓе имаат и други хронични болести, што го зголемува ризикот од когнитивни пречки. Експертите предупредуваат дека тоа создава затворен круг во којшто когнитивните проблеми го влошуваат физичкото здравје, а телесните болести дополнително ја нарушуваат работата на мозокот.


Исхраната се покажала како важна во чување на здравјето на мозокот. Истражувањата покажале дека прехранбените обрасци како медитеранска исхрана, богата со цели житарки, риба, овошје и зеленчук, можат да го намалат ризикот од деменција.

Новото истражување го испитувало влијанието на одредени намирници на когнитивните способности кај постарите лица со повеќекратни хронични болести. Резултатите истакнале три групи намирници.

„Печурките или алгите имале најголемо влијание, на второто место се нашле млечните производи и јаткастите плодови“, навеле истражувачите, пренесува „EatingWell“.

Се докажало дека токму печурките и алгите имаат најголемо влијание врз мозокот, а следат јаткастите плодови и млечните производи.

Она што го јадеме влијае не само на нашето тело туку и на нашиот ум.


Освен тоа, свежото овошје имало моќна поврзаност со ориентацијата, додека пак зеленчукот и ориентацијата биле најмалку поврзани со другите когнитивни функции.

Овие врски, според авторите на студијата, упатуваат на тоа дека одредени намирници можат директно да го поддржат помнењето.