Ана Курникова и Енрике Иглесијас го очекуваат четвртото дете: Првите три се наречени најубави деца во светот

Точка

27/08/2025

14:29

1.281

Големина на фонт

а а а

Руската спортска ѕвезда Ана Курникова (44) и шпанскиот пејач Енрике Иглесијас (50) наскоро ќе го прошират своето семејство, пренесе „HOLA!“, и тврдат дека двојката е „воодушевена“.

Според пишувањата на овој весник, многу сигурен извор близок до семејството открил дека Ана и Енрике наскоро ќе го добијат своето четврто дете и дека таа моментално е во средината од бременоста.

Полот на бебето што го носи поранешната тенисерка е непознат, а со оглед на тоа дека се познати како семејство кое не открива многу за својата приватност, веројатно нема да дознаеме уште долго време.


Ана последен пат беше видена во јавност во јули, кога беше фотографирана во Мајами како ги завршува дневните обврски, а тогаш се појавија гласини дека е бремена. Русинката тогаш носеше хеланки и малку поширок дуксер, но се појавија шпекулации дека го криела стомакот од папараците.

Хармоничен семеен живот на Ана Курникова и Енрике Иглесијас

Откако се повлече од тенисот, Курникова не се експонира многу а нејзиниот сопруг се појавува во јавност само за работи поврзани со неговата работа. Двојката веќе има три деца: близнаците Луси и Николас (7) и ќерката Мери (5), чии фотографии понекогаш ги споделуваат на социјалните мрежи, а беа прогласени за најубави деца на познати личности во светот.


Нивната баба Изабел Прејслер, мајката на Енрике и многу популарна жена во Шпанија, минатата година даде интервју за „HOLA!“, кога истакна дека поминува време со своите внуци.


„Сега сум во „режим на одмор“, поминувам време дома со децата и уживам носејќи ги на училиште и гледајќи ги како растат… Секој ден забележувам колку брзо растат и сакам да уживам во тоа. Веќе за 24 часа пораснале“ се пошегува гордата баба.

Веста за бременоста на Ана ги израдува нејзините обожаватели, кои неодамна беа загрижени поради нејзините фотографии во инвалидска количка во Мајами.


„Не е ништо сериозно, само мала повреда на стапалото. Само мало шинување, но знаете колку може да биде болно“, изјави Изабел неодамна.