Најплатениот актер на сите времиња, контроверзниот Чарли Шин, отворено проговорил за својот живот и пеколот од зависноста во новиот дводелен документарец на „Netflix“ со наслов „aka Charlie Sheen“.
„Кога носиш многу срам, тој те гуши. Сам западнав во тоа, а мојот живот се претвори во се она што не требаше да биде“, признал Шин во трејлерот на документарецот.
Вечна тема на таблоидите
Во претстојниот документарец којшто премиерно ќе почне да се прикажва на 10 септември, актерот говори за победите, поразите и цената на преживување под најсјајните рефлектори и најтемните семни во Холивуд.
Филмот ја следи неговата слава, падовите кои завршувале на насловните страници и личните борби ки станале јавен спектакл.
Шин бил вечна тема на таблоидите, а сега конечно е поготвен да говори соочувајќи се со гласините, скандалите и самонанесениот хаос.
Не толку убав приказ на животот
Меѓу другото, тој прераскажува детали кои претходно ги споделувал само со терапевт. Особено емотивен момент е разочарувањето кое му го приредил на татко му, актерот Мартин Шин.
„Навистина ги повредив луѓето кои ги сакам“, рекол Шин.
Во серијата се појавува и неговата ќерка Лола Шин, конзервативна христијанка која говори за предизвиците и односите со лице со зависност.
Документарецот содржи и интервјуа со оние кои најдобро го познаваат Чарли, од семејството и приајтелите до холивудски инсајдери, меѓу кои и неговиот поранешен дилер на дрога.
Интервјуа со Денајз Ричардс, Хајди Филс, Џон Крајер, Шон Пен,м Рамон Естевез, Брук Мулер, Крис Такеп, но и во документарецот го нема неговиот татко Мартин Шин, братот Емилио Естевез ниту оттуѓената ќерка Сами Шин.
Режисерот Ендру Рензи рекол дека и натаму му даваат поддршка на Шин:
„Сакаа да го пуштата Чарли, да го има овој свој момент“, објаснил тој.
Инаку, освен документарецот, Шин на 9 септември ги објавува и мемоарите „The Book of Sheen“.