[ВИДЕО] Со еден флертува на црвениот тепих, а друг љуби: Најзгодната актерка и славниот заводник во врска?

Точка

27/08/2025

12:46

1.704

Големина на фонт

а а а

За актерката веќе подолго време се шират гласини за новата романса, но не со оној со којшто сите ја поврзуваа.

Актерката Зои Кравиц моментално е во центар на внимание по премиерата на филмот „Caught Stealing“ на којшто работеше заедно со актерот Остин Батлер.


Баш со Батлер ја поврзуваа многумина, а имаше и причини за тоа со оглед на тоа што делувале многу блиски. Меѓутоа, се докажало дека тоа е минато и е само дел од добриот маркетинг, а Зои сепак отпочнала нова романса.

Како што пренесува „Page Six“, Зои и Хери Стајлс биле забележани заедно во еден бар во Лондон како се бакнуваат и изгледаат како тинејџери.

„Хери и Зои беа скриени во аголот и се бакнуваа како тинејџери. Не им беше гајле што некој ќе ги види“, изјавил извор за „Page Six“.

Ова дошло и како потврда на претходните тврдења кога тие двајца биле фотографирани како шетаат заедно на улиците на Рим.

„Тој многу време поминува во Рим, па одлучиле таму да се најдат. Сѐ уште се на почеток и супер се забавуваат“, додал изворот.

Зои Кравиц минатата година ја раскина веридбата со Ченинг Тејтум додека пак Хери претходно го поврзуваа и со Кендал Џенер, но и со Тејлор Свифт.