Анџелина Џоли има нова улога: Ќе глуми во претстојниот филм за Париската модна недела

Точка

27/08/2025

16:48

353

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Анџелина Џоли работи на нов филм, но овој пат не во улога на режисерка, како што беше во последните неколку години освен филмот „Марија“, туку има главна улога во претстојниот филм.

Станува збор за филмот „Couture“, драма која се одвива за време на Париската модна недела, а ја режираше режисерката Алис Винокур, за која ова е прв филм на англиски јазик.


За што се работи во филмот?

Филмот следи три жени: американската филмска режисерка Максин (Анџелина Џоли), јужносуданската манекенка Ада (Аниер Анеи) и француската шминкерка Анџел (Ела Румпф), чии патишта се испреплетуваат во лудилото на еден моден настан во Париз.


Секоја од нив има свои тајни и анксиозности со кои треба да се справи додека работи зад сцената на модните писти. Животот на Максин се превртува наопаку откако открива дека има рак на дојка.

Меѓутоа во филмот глуми и францускиот актер Луј Гарел. Тој е најпознат по својата главна улога во „The Dreamers“, а исто така тој е едно од машките лица на Диор.


Филмот излегува наскоро

Во актерската екипа се и Гаранс Марилиер (Грејв, Титан) и Финеган Олдфилд. Филмот, снимен на француски и англиски јазик, е продуциран од CG Cinema (Charles Gilliber) и дистрибуиран од компанијата „Pathé“.


Филмот премиерно ќе биде прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември, а во кината треба да пристигне во октомври.