Поранешната учесничка на „Ѕвездите на Гранд“, Алина Јухарт, од Словенија, која веќе четири години живее во Белград, привлече внимание со своето прво јавно појавување.
Родена е како Алино, а рано сфатила дека не се чувствува добро како маж.
„Имав шест години. Отсекогаш сакав да играм со кукли, а не да играм фудбал. Го мразам тоа, а мојот брат е спортист. Трансформацијата почна полека: прво беа ноктите, фустаните, па долгата коса. Не користев хормони. За некои, сето тоа е чудно“, рекла Алина.
Таа откри дека било потребно време за другите да ја прифатат.
„Не беше секогаш лесно. На крајот, пријателите на мојот брат и татко ме прифатија. Секогаш бев некој што сакаше да им помогне на сите.“
За учеството во „Ѕвездите на Гранд“
Во разговор со српските медиуми Алина се осврна на своето учество во „Ѕвездите на Гранд“.
„Не се пријавив на натпреварот за да стигнам до финалето. Не сум пејачка што може да пее на веселби, ниту народни песни. Ги сакам вашите народни песни, но не сум таков тип. Сè имаше смисла. Испаднав во вистинскиот момент. Тоа беше најубавото и најтешкото искуство во мојот живот. Никогаш повеќе нема да пеам песни што не ги чувствувам. Се обидував да се натерам себеси да ги изведам најдобро. Не успеав затоа што не ја почувствував ниту една од нив“, рече таа и додаде:
„Плачев не поради мислењата на луѓето, туку затоа што не покажав што можам да направам како пејачка. Моментално работам со вокален тренер од Лондон и со човек кој работи за „Гранд“. Секој што сега ќе ме слушне се изненадува. Не можев да покажам што знам во шоуто. Ќе има други можности“.
Инаку таа неодамна го оствари своето актерско деби во филмот „Fantasy“, и се појави на Сараево филм фестивал со екипата на истоимениот филм. Дејството на филмот „Fantasy“, во режија на Катарина Богдановиќ Куклa, ги следи трите млади пријателки од Словенија, Михрија, Сина и Јасна, кои се спротивставуваат на конзервативните општествени правила. Нивниот свет се менува кога ја среќаваат Фантаси, трансродовата жена, а токму тој лик го толкува Јухарт.
„Искрено, ме пронајдоа. Ме контактираа додека сè уште настапував во „Ѕвездите на Гранд“. Не верував дека е сериозно сè додека не отидов на кастингот. Кога ја запознав Кукла, почувствував дека тоа е вистинскиот момент“, изјави Алина за klix.ba, и додаде дека со оглед на тоа што и самата е трансродова личност, улогата ја доживеала многу лично.