Популарната актерка Сидни Свини (27) очигледно го користи летото на најдобар можен начин. Додека повеќето луѓе се одмараат на плажа, таа одлучи да скокне со падобарн од авион од 3.000 метри во придружба на членот на тимот на „Ред Бул Воздухопловните сили“, Лук Ајкинс.
По слетувањето, актерката призна дека тоа било „највозбудливото искуство во нејзиниот живот“. Целото искуство го сподели со видеото на нејзиниот Инстаграм, а коментарите од нејзините 28 милиони следбеници постојано се нижеа.
Ајкинс, 51-годишен професионален падобранец, се погрижил сè да помине безбедно. Станува збор за истиот спортист кој во 2016 година влезе во историјата како првиот човек што скокнал без падобран и слетал во заштитна мрежа. Освен спортските подвизи, работел и како каскадер во големи филмски хитови како „Black Widow“, „Ant-Man and the Wasp“, „Godzilla“ и „Iron Man 3“.
Пред скокот, Сидни облече пилотски комбинезон кој, во нејзин стил, остана малку раскопчан. Само доволно за да внесе допир на гламур и сексапил во авантурата на 3.000 метри.
Овој детаљ не ги изостави нејзините обожаватели, а видеото набрзо стана уште поголем хит поради деколтето кое беше во преден план.
Слаб успех на филмот „Americana“
Свини моментално го промовира филмот „Americana“, во кој ја игра улогата на млада келнерка и кантри пејачка. Филмот за време на премиерниот викенд, прикажан во повеќе од илјада киносали, заработи само 500 илјади долари, а проценките велат дека вкупната заработка би можела да достигне 1,5 милион долари.
Иако „Americana“ не привлече голема публика, Сидни веќе има низа нови проекти. Наскоро публиката ќе може да ја гледа во филмот „Eden“ на Рон Хауард, кој е снимен според вистинита приказна за германска доселеничка на Галапагос, како и во биографскиот филм „Christy“ за боксерката Кристи Мартин.
Во подготовка е и нејзиното враќање во хит-серијата „Euphoria“, чија трета сезона се снима за HBO, а најавен е и цел спектар на други филмски проекти во кои ќе глуми Свини.
Контроверзна кампања за фармерки
Корисниците на социјалните мрежи сметаат дека на послабата заинтересираност на публиката за нејзиниот нов филм можеби влијаела и контроверзната кампања за брендот „American Eagle“, во која учествувала Свини. Рекламата предизвика обвинувања дека промовира идеи слични на еугениката, поради што се најде на мета на критики.