[ФОТО] Холивудската убавица за првпат во јавност по породувањето – тешко е да се тргне погледот од неа

Точка

21/08/2025

16:01

990

Големина на фонт

а а а

Марго Роби, по светскиот успех со филмот „Barbie“, а потоа и паузата поради бременоста и мајчинството, се врати на големото платно – на радост на сите кои со нетрпение го очекуваа нејзиниот кам-бек.

Холивудската ѕвезда се породи пред речиси една година, а сега за првпат по тоа се појави на јавен настан и блесна поубава од кога било. Станува збор за промоцијата на новиот романтичен филм „A Big Bold Beautiful Journey“ во Беверли Хилс, каде што позираше заедно со колегата Колин Фарел.

Актерката, која со години важи за една од најубавите холивудски икони, пленеше внимание во црна минијатурна тоалета која ја истакна нејзината витка фигура, оставајќи впечаток како воопшто да не поминала низ породување.


Комбинацијата ја надополни со елегантни црни сандали со каиши, косата ѝ беше пуштена, а нејзината препознатлива блескава насмевка повторно беше во прв план.

Многумина се согласуваат дека Марго Роби изгледа уште позаносно и поубаво откако стана мајка. Синот го доби со сопругот Том Акерли, со кого ја дели и продукциската компанија „LuckyChap“. Сè уште не е познато какво име му го дале на детето, бидејќи приватниот живот ревносно го чуваат во тајност.


Марго во 2023 година постигна светски успех со филмот „Barbie“, а иако брзо се врати на работа по породувањето, со ова појавување официјално потврди дека публиката повторно ќе може да ужива во нејзините улоги.