Ана Курникова и Енрике Иглесијас имаат три деца кои бројни медиуми ги нарекуваат „најубави деца во светот“.
Поранешната тенисерка Ана Курникова и пејачот Енрике Иглесијас со децении важат за еден од најхармоничните познати парови, а можеби тајната на нивната љубов е во тоа што се откажале од јавниот живот.
Двајцата се запознале во 2001 година на снимањето на спотот за песната „Escape“, а хемијата што ја почувствувале брзо се претворила во заљубеност, а потоа во љубов и заедно се 24 години.
Добија три деца, кои ретко ги покажуваат јавно.
И со оглед на тоа што можностите во кои можеме да ги видиме се ретки, најновите фотографии што се појавија на социјалните мрежи предизвикаа воодушевување ширум светот.
Имено Курникова била забележана во Мајами Бич во многу лежерно издание. Носела бела дуксерка со качулка, црни шорцови и патики, а косата ѝ била врзана во опавче.
Таа била во друштво на нејзините три деца, близнаците Луси и Николас (7) и Мери (5), кои ги носела на часови по боречки вештини.
Нејзините деца биле подготвени за карате тренинг – со полни ранци на грбот – додека најстарата ќерка Луси имаше големо кадифено мече во рацете.
А тато? Иглесијас моментално е на турнеја, па неговото отсуство е сосема оправдано.