[ФОТО/ВИДЕО] Бизарно видео на Бритни Спирс: Танцувала на песната на поранешниот, зборувала со британски акцент

Точка

21/08/2025

13:58

622

Големина на фонт

а а а

Поп ѕвездата Бритни Спирс повторно ги збуни своите следбеници објавувајќи видео на кое танцува на песна од нејзиното поранешно момче, Џастин Тимберлејк.

Во клипот споделен на Инстаграм, 43-годишната пејачка танцува во зелено-жолто бикини на мал брод, окружена со кристално чисто море.

Бритни ја нишала главата додека танцувала на хитот на Тимберлејк „Carry Out“. Овој потег многумина го сметаат за чуден, со оглед на нивната турбулентна врска на почетокот од 2000-тите, која започнала откако се запознале како деца во емисијата „The Mickey Mouse Club“.


Шокантна исповед од мемоарите

Потсетуваме во 2023 година, Спирс откри во своите мемоари „The Woman In Me“ дека Џастин ја наговорил да абортира додека се забавувале пред 25 години, кога имала само 19 години. „Тоа беше изненадување, но не беше трагедија за мене. Толку многу го сакав Џастин. Секогаш очекував дека еден ден ќе имаме семејство заедно. Тоа ќе беше само многу порано отколку што очекував“, напиша таа.


Сепак, Спирс ја откри и неговата страна од приказната. „Но, Џастин дефинитивно не беше среќен поради бременоста. Рече дека не сме подготвени да имаме дете во нашите животи, дека сме премногу млади“, се вели во книгата. „Да беше до мене, никогаш немаше да го направам тоа. И сепак, Џастин беше толку сигурен дека не сака да биде татко. До ден-денес, тоа е едно од најболните нешта што некогаш сум ги доживеала во животот.“ Инаку тие се разделија во 2002 година, а Бритни подоцна ги доби синовите Шон и Џејден со Кевин Федерлајн.

Серија бизарни објави ги загрижија обожавателите

Во истото кратко видео во кое танцува, Бритни им се обрати на своите следбеници зборувајќи за квалитетот на водата, споредувајќи го со оној на островите Туркс и Кајкос, и тоа со британски акцент.


Ова е само една од низата нејзини објави што предизвикаа загриженост кај обожавателите во последните недели. Обожавателите се загрижени за менталното здравје на пејачката откако беше ослободена од 13 годишно старателство во ноември 2021 година. Некои од нејзините неодамнешни видеа вклучуваат танцување со ножеви и позирање без облека за нејзините 40 милиони следбеници.