„South Park“ повторно го исмејува Доналд Трамп: „Дефинитивно немате мало полово органче“

Точка

21/08/2025

13:46

548

Големина на фонт

а а а

Најновата епизода од популарната анимирана серија „South Park“ предизвика голема бура со своето брутално исмејување на Доналд Трамп, што предизвика остри реакции, вклучително и од Белата куќа.

Бизарно патување во Вашингтон

Во епизодата „Sickofancy“, објавена на 20 август, приказната го следи Ренди Марш кој, откако работниците му бегаат од фармата „Tegridy“ поради рација на имиграциската служба, останува сам со својот пријател зависник – пешкирчето „Towelie“. Во очајнички обид да остане релевантен, Ренди ја претвора својата фарма за марихуана во „think tank“ управуван од вештачка интелигенција наречен „Techridy“, инспириран од кетамин и разговори со „ChatGPT“.

Во меѓувреме, „Towelie“ заминува во Вашингтон за да го убеди Доналд Трамп да ја легализира марихуаната. Но таму наоѓа милитаризиран главен град, преполн со тенкови и светски лидери кои му ласкаат на претседателот.

„Дефинитивно немате мало полово органче“

Во Белата куќа, Трамп е опкружен со технолошки гиганти како Тим Кук и Марк Закерберг. Кук му ласка со зборовите: „Господине претседателе, вашите идеи се толку иновативни … и дефинитивно немате мало полово органче.“

По ова, појавата на Ренди како холограм се прикажува, а „Towelie“ завршува во тоалетот на Трамп каде што го тераат да чисти телесни течности. Дома, Ренди е скршен, а неговата сопруга Шерон го теши во стил на „ChatGPT“: „Разбирам како се чувствуваш, Ренди. Твоите емоции се валидни.“

На удар и неговите соработници

Оваа епизода доаѓа по онаа во која Трамп беше прикажан во кревет со сатаната, при што беа исмејувани неговите гениталии и наводните врски со Џефри Епстајн. Во друга епизода, на мета беа „Homeland Security“ и имиграциската служба.

Рекордна гледаност и остра реакција на Белата куќа

И покрај контроверзиите, новата сезона бележи извонредна гледаност. Втората епизода ја следеле повеќе од 6 милиони гледачи – најмногу од 2018 година наваму. Но, истовремено, епизодите предизвикаа и жестоки политички реакции.

Портпаролката на Белата куќа, Тејлор Роџерс, ја критикуваше серијата, нарекувајќи ја „очајнички обид за привлекување внимание“.

„Оваа серија не е релевантна повеќе од 20 години и се одржува со неинспирирани идеи во очајнички обид да остане актуелна. Претседателот Трамп исполни повеќе ветувања за само шест месеци од кој било друг претседател во историјата на нашата земја – и ниту една четвртокласна серија не може да го запре победничкиот поход на претседателот Трамп“, изјави Роџерс.