Џунџулињата (латински „Tagetes“) се отпорни и одлични растенија кои успеваат речиси секаде.
Џунџулето не е само убаво цвеќе кое ги краси градините и терасите, тие имаат и посебно значење. Велат дека носат љубов и топлина во домот, а нивниот мирис ги брка комарците, што ги прави корисни и декоративни. Освен тоа многу лесно се одржуваат.
Повеќе од обично цвеќе
Џунџулињата се отпорни растенија кои успеваат речиси секаде. Припаѓаат на семејството сончогледи и можат да се најдат во разни бои и големини, а цветаат во текот на целата сезона.
Интересно потекло и симболика
Тие потекнуваат од Северна и Јужна Америка, а името го добиле по божеството Тагес. На англиски ги нарекуваат „marrygold“ што би значело „Мариино злато“, па се поврзуваат и со заштитата и духовноста.
Во нашиот народ симболизираат љубов, страст и среќа, па често се подаруваат на саканите луѓе.
Природна заштита од комарци
Освен што убаво мирисаат, џунџулињата со своите природни масла ги одбиваат комарците, дури и оние опасните кои пренесуваат болести.
Како се негуваат?
Сонце: Најмногу сакаат целосно да се изложени на сонце.
Земја: Растат во разни видови земјиште, важно е да не е прекисело.
Полевање: Редовно додека не се вкорени, подоцна еднаш неделно.
Прехрана: Не е задолжителна освен во сиромашно земјиште.
Одржување: Отстранувајте ги исушените цветови за постојано да цвета.
Џунџулето е вистински чувар на домот, внесува убавина, симболика и практична заштита, а за возврат бара само малку внимание.