На Инстаграм се појави многу бизарна снимка од маж кој живее како вистинска свиња за време на викендите и се обидува да ги имитира сите постапки на ова домашно животно.
Тој гровта, се тркала во кал и јаде од кофа со помија (зеленчук) заедно со уште неколку мажи и жени, а како причина за тоа го истакна „релаксирањето по многу стрес на работа во текот на работната недела“.
Дали привлекува внимание или неговата релаксација е навистина ден поминат како свиња, тешко е да се заклучи, со оглед на тоа што денес постојат луѓе кои се идентификуваат како животни и навистина живеат на таков начин. Минатата година можевме да видиме две жени како имитираат кучиња на поводник и шетаа по улица – а нивните сопственици ги водеа со себе. Затоа, оваа снимка – на маж во костим на свиња – не изненадува многу, но сепак е содржина што предизвикува голем број негативни реакции и емоции.
Ова го покажуваат бројните коментари под снимката на Инстаграм, чиј опис гласи: „Дали би платиле за да го поминете викендот како свиња?“.
„Порано излегувавме на пиво за време на викендите“
„Во добрите стари времиња одевме во клубови и пиевме пиво со пријателите, ги посетувавме бабите во недела, се бакнувавме на зајдисонце. Прашањето е: Кога, како и зошто светот тргна во погрешна насока?“, „Колку е ова понижувачки, кутрото негово семејство“, „Апокалипсата доаѓа“, „Треба да го хранат како вистинска свиња, а не да му даваат зеленчук“, „Многу болно – без разлика дали е шега или реалност“, „Како ова не се третира како ментално нарушување?“, беа дел од мислењата на згрозената интернет заедница.
Меѓутоа поединци се сигурни дека се работи за шега и само еден вид содржина која има за цел да привлече нова публика, но дека неговото видео „секако предизвикува непријатност“ и дека тој „треба да го преиспита своето размислување и однесување, како и работите што го забавуваат“ и, конечно, „да престане да промовира ваков вид содржина“, но и дека „никој не би платил да биде третиран на тој начин“.