[ВИДЕО] Погледнете каков неред оставиле гостите во апартман во Будва – сопственичката сè снимила

Точка

20/08/2025

17:12

1.219

Големина на фонт

а а а

„Она што е уште полошо е што тие престојувале неколку дена и делумно живееле во ваков апартман додека не заминале“.

Тиктокерката Драгана, која во Будва издава апартмани, сподели непријатно искуство со гости кои по својот престој оставиле голем неред. Во видеото, кое брзо стана вирално, таа покажа расфрлано ѓубре и оштетен мебел.

„Гостите ни оставија таков апартман што ми дојде да заплачам кога влегов. Ова не се случува често, но сепак се случува“, вели таа на почетокот од снимката и додава дека нејзиното семејство секогаш внимава сместувањето кое го користи да го остави уредно.

Таа нагласи дека гостите често знаат да се жалат на домаќините и на условите, дури и кога сместувањето е целосно чисто. „Неодамна имавме гости кои го оставија апартманот во ваква состојба. Благо речено, бевме во шок“, раскажа таа и додаде дека работата со изнајмување знае да биде многу напорна. „Она што е уште полошо е што тие престојуваа неколку дена и делумно живееја во таков апартман додека не заминаа“, објасни Драгана.

@dragana_cvijet_iz_kamena Bukvalno mi je muka dok ovo gledam. #fyp ♬ original sound - dragana_cvijet_iz_kamena

„Какво воспитување имаат овие луѓе?“

Сопственичката се запраша и какво воспитување имаат луѓето кои се однесуваат на ваков начин. „Со вакво однесување испраќаат две пораки: првата е дека не ве почитуваат како домаќин, не го почитуваат вашиот имот и генерално мислат дека го купиле па можат да го уништат; втората е дека доаѓаат од дом во кој не се цени ничиј труд, работа и не се негуваат вистинските вредности“, наведе таа.

На крајот од видеото додаде: „Сè се среди и секоја штета е надоместлива, и фала на Бог што сме здрави и што главата ни е на рамена, но сепак боли кога некој уништува твој труд, работа, пот и она за што твоето семејство се труди децении“.

Поделени реакции на јавноста

Нејзината објава предизвика бројни реакции, а коментарите беа поделени. Некои ја поддржаа и изразија огорченост, додека други застанаа на страната на гостите, тврдејќи дека тие го платиле престојот и дека имаат одредено право.

„Ако уредно си платиле, тогаш што? Не работиш за џабе! Што ако тие се пожалиле дека е скапо?“, напиша еден корисник. Друг се надоврза: „Сигурно си им наплатила скапо за апартманот, луѓето платиле чесно, затоа постои чистачка да исчисти“.

Од друга страна, имаше и коментари со спротивен став: „Тоа што платиле престој не значи дека им е дозволено сè. Платиш хотел – па дали црташ по ѕидовите, дали кршиш мебел? Платиш ручек во ресторан – па дали ја истураш храната по подот? Ако е скапо – не одиш таму, и крај. Не уништуваш имот од пакост“, порача еден коментатор. Друг додаде: „И такви после оценуваат дека сместувањето било како на улица, а не во апартман! Ова е страшно!“.