Кога говориме за здраво стареење, често се спомнува физичката активност, здравата кожа или методи за намалување на стресот.
Меѓутоа, еднакво важен дел од сложувалката е и чувањето на здравјето на мозокот.
Покрај квалитетниот сон, менталните предизвици и активниот живот, она што го ставаме во чинијата може да има големо влијание на помнењето и концентрацијата.
Исхраната богата со овошје, зеленчук, јаткасти плодови, интегрални житарици и риба е позната како вистинска поддршка на здравата функција на мозокот.
Сепак, со оглед на широкиот избор, лесно може да се запрашате кое овошје е највредно да се вклучи во исхраната, особено по 50-тите години од животот.
Калинка: Потенцијален сојузник на здравиот мозок
„Едно овошје кое заслужува многу повеќе внимание е калинката“, вели неврологот д-р Мил Етијен, професор на Медицинскиот факултет во Њујорк и додава:
„Калинката е богата со полифеноли кои имаат моќни антиоксидантски, противвоспалителни и невропротективни својства“.
Според неговите зборови, хранливите материи од калинката можат да ја подобрат способноста на учење и помнење, како и да дадат заштита од амилоиден протеин, супстанција која се таложи во мозокот на заболените од Алцхајмерова болест.
Алцхајмеровата болест е најчест облик на деменција и погодува милиони луѓе ширум светот. Некои истражувања укажуваат на тоа дека противвоспалителните својства на калинката можат да помогнат во превенција на Паркинсонова болест, а во текот на студиите кои се истражувале ова овошје може да ги забави и различните невролошки нарушувања.
Зошто е посебно важно калинката да се консумира почесто во 50-тите години?
Одржувањето на острината на умот во зрелите години е клучно за носење одлуки, завршување секојдневни задачи, активен социјален живот и чување на независноста.
Додавањето на овошјето како калинка во исхраната може да е мал чекор, но може да биде дел од пошироката стратегија за чување на когнитивното здравје.
Пред калинката да стане редовна во исхраната важно е да се посоветувате со доктор за тоа дали таа е безбедна за вас.
Лицата со активни симптоми на Кронова болест, улцерозен колитис или дивертикулитис треба да ја избегнуваат затоа што може да предизвика иритација на органите за варење.
Доколку не сакате калинка или не ви е достапна, постојат и други хранливи алтернативи.
Д-р Етијен ги препорачува следните овошја: боровинки, црно грозје, авокадо и цитруси.