Летото сè уште трае и многумина претпочитаат едноставни и освежителни десерти. Еден таков е „сладолед“ колачот со вишни, кој не е комплициран за подготовка.
Состојки:
500 грама вишни
500 милилитри млеко
500 милилитри јогурт
20 грама желатин
осум лажици вода
14 лажици шеќер
150 грама шлаг
200 грама бисквити
Подготовка:
За почеток, измешајте 20 грама желатин и осум лажици вода и оставете да отстои 10 минути. Во меѓувреме, измешајте го јогуртот со шест лажици шеќер, а потоа додадете го растопениот желатин во смесата од јогурт и шеќер.
Во друг сад, изматете 150 грама шлаг со 500 милилитри млеко. Во изматениот шлаг додадете ја смесата од јогурт и желатин и сè добро измешајте.
Изблендирајте ги вишните, а потоа додадете ги во шлагот. После тоа, потопете го секое парче бисквит во млекото и наредете ги во сад. Сипете ја смесата врз бисквитите и оставете го колачот да отстои два часа во замрзнувач.
Пријатно.
Извор: Domaći Kuhar